Често Поставувани Прашања

Како може да аплицирам за GPC картичка?

Секој кој е заинтересиран за користење на Green Pay картичка и ги исполнува условите за стекнување со истата може да се обрати до канцеларијата на ТСН Технологија ДООЕЛ Скопје која се наоѓа во просториите на ПОЦ Скопје на бул. Гоце Делчев бр.14 или на ул.Анкарска бр.33, заради склучување на Договор за издавање и користење на ГПЦ картичка, кој се склучува во писмена форма. Секое лице треба со себе да носи важечки документ за лична идентификација. Исто така овозможено е онлајн аплицирање за Green Pay картичка на https://poc.mk/green-pay-card/.

Колку време се чека додека се одобри моето барање за издавање на GPC картичка?

Врз основа на поднесеното барање, ТСН Технологија во рок не подолг од 10 (десет) дена одлучува за прифаќање или одбивање на истото. Понатаму, во рок не подолг од (3) три дена од потпишување на Договорот за издавање и користење на ГПЦ картичка ќе му ги овозможи на корисникот сите услуги предвидени во истиот Договор.

Дали може да ми се достави GPC картичката на домашна адреса?

Секој корисник на GPC картичка ќе биде телефонски контактиран од вработени во ТСН Технологија ДООЕЛ или доколку не може да се добие телефонски, ТСН ќе го извести за истото преку СМС порака или неговиот e-mail. Корисникот има рок од 3 (три) работни дена по добиеното известување да дојде во просториите на ТСН Технологија ДООЕЛ и да ја подигне картичката, за што ќе потпише Акт за примпоредавање на GPC картичката. Корисниците имаат можност при пополнување на барање да побараат GPC картичката да ја примат и на домашна адреса, па истата ќе им биде доставена на домашна адреса, а за оваа услуга корисникот ќе биде задолжен со материјален трошок, кој ќе треба да го уплати на сметката на ТСН Технологија, на денот на склучување на договорот.

Каде може да се обратам доколку имам проблем со користење на картичката?

Во случај на губење, кражба или во случај на сомневања за можна злоупотреба или при сознанија за извршувањето на неовластени трансакции, Корисникот на микроплаќање треба веднаш да го пријави и да побара блокирање на услугата на микроплаќање на тел. број 072 251 251, а потоа е должен истото да го потврди и писмено во рок од 5 работни дена. Исто така може да се обрати и со емаил порака на contact@tsn.mk. Во случај да Корисникот смета дека е неосновано задолжен за одредена трансакција, може да поднесе приговор до ТСН Технологија, во рок од 3 (три) дена од денот на достава на месечниот извештај за извршените микроплаќања.

Дали моите податоци за користење на GPC картичка се заштитени?

Операторот ги презема сите пропишани технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, за спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба.
Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли од страна на НБРСМ и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

Како може да извршам плаќање преку мојот телефон?

Секој кој поседува активна Green Pay картичка и мобилен уред кој работи на Android платформа со NFC технологија може да ја користи мобилната апликација Green Pay Card. За користење на истата потребно е да биде активирана NFC опцијата на мобилниот уред, да ја регистрира својата е-маил адреса на која понатаму ќе му биде испратен код за верификација и да постави ПИН за Green Pay картичка. Плаќањето ќе биде извршено со доближување на мобилниот апарат до ПОС терминал во правниот субјект. Корисниците на IOS платформа ќе користат QR reader.

Каде може да пријавам проблем во врска со користење на апликацијата?

Корисникот може да ја пријави секоја грешка или дефект на Green Pay мобилната апликација веднаш до ТСН Технологија ДООЕЛ Скопје на ул.Анкарска бр.33 или на e-mail contact@tsn.mk.

Кој ги гледа моите податоци кои ги давам заради инсталирање и користење на апликацијата Green Pay картичка?

Вашите лични информации се достапни единствено за тимот на професионалци кој работи на апликацијата. Вработените кои имаат пристап до Вашите информации се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци. Овие информации се користат за потребите на ТСН Технологија ДООЕЛ Скопје и истите грижливо се чуваат од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап.

Кога ќе може да ја подигнам мојата Green Pay картичка откако ќе аплицирам онлајн?

Секое заинтересирано лице кое аплицирало онлајн за добивање и користење на Green Pay картичка, во најбрз рок ќе добие емаил порака со која се известува дека неговата картичка е во постапка на изготвување, а откако истата ќе биде изработена ќе добие телефонско известување за да ја подигне картичката, да го потпише Договорот и Актот за примопредавање на картичка. Доколку при онлајн апликација сте одбрале достава до домашна адреса картичката ќе биде доставена до Вашата адреса.

На кој начин можам да ја добијам мојата Green Pay картичката и дали има опција за достава на домашна адреса?

Да, секој потенцијален корисник на Green Pay картичка при пополнување на апликацијата има можност да одбере достава на истата до домашна адреса. Откако ќе биде изработена Вашата Green Pay картичка ќе бидете телефонски контактирани од нашите вработени или доколку не можеме да ве добиеме телефонски, ќе Ве известиме за истото преку СМС порака или email. Корисникот има рок од 3 (три) работни дена по добиеното известување да дојде во просториите на ТСН Технологија ДООЕЛ и да ја подигне картичката, за што ќе потпише Акт за примпоредавање на Green Pay картичката. На корисниците кои одбрале достава до домашна адреса истата ќе им биде испорачана на наведената домашна адреса.

При аплицирање одбрав и достава на Green Pay картичка до домашна адреса, но по истек на подолго време истата се уште не ми е доставена, па зошто е тоа така?

Во случај на одбирање на достава до домашна адреса како начин за прием на Green Pay картичка, нашите соработници ќе Ве контактираат пред да тргнат да ја достават до Вас и тоа истиот ден, најдоцна следниот. Доколку на договорениот термин не сте во можност да ја примите Green Pay картичката, истата ќе биде вратена во просториите на ПОЦ Скопје на бул. Гоце Делчев бр.14 или на ул.Анкарска бр.33 и ќе мора лично да ја подигнете Вие.

Како да рециклирам пластични шишиња и лименки со мојата Green Pay картичката?

Со Вашата Green Pay картичка преку повратните вендинг машини можете да рециклирате PET пластични шишиња и лименки, кои треба да бидат празни, чисти, во правилна форма, односно не треба да ги виткате пред употреба. Етикетата од истите не ја вадете бидејќи е потребен баркодот при процесот на рециклирање. Потребно е Green Pay картичката да ја доближите до означеното место на вендинг машината за да истата го препознае корисникот. Понатаму, амбалажата се става во отворот на машината, наместена да се скенира баркодот, за да прочита за кој вид и количина на амбалажа станува збор и на тој начин правилно да се пресметаат средствата со кои ќе се стекнете од рециклирање.

Дали собраните средства од рециклирање можам да ги подигнам во готово?

Средствата собрани од рециклирање на пластични шишиња и лименки не можете да ги подигнете во готово, туку истите може да ги искористите преку Вашата Green Pay картичка како платежно средство во одредени правни субјекти од најразлични дејности на територија на Општина Центар, кои се дел од партнерската мрежа. Со секоја извршена трансакција добивате и одреден попуст во форма на cashback во зависност од дејноста на правниот субјект. Целосен преглед на правните субјекти каде можете да ја користите Вашата картичка за вршење на трансакции од типот продажба е објавен на нашата веб страна во делот – Трговци.