Почитувани корисници на нашата веб-страница,
Ви благодариме за покажаниот интерес.
Политика за приватност на ТСН Технологија Дооел Скопје
Грижата за клиентите и заштита на нивната приватност претставува приоритет во ТСН Технологија Дооел Скопје
Оваа политика ги објаснува видовите информации кои може да ги собереме и задржиме при користење мобилна апликација на Операторот, како и на кој начин се користат тие информации и со кого се споделуваат податоците. Исто така, одредува на кој начин може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие информации.
Оваа политика е во согласност со Правилата за заштита на личните податоци
Информации кои се собираат при користење мобилна апликација:
• Лични податоци, информации со кои Вие се идентификувате при користење на производите и услугите на Операторот, односно податоци кои Вие самите ни ги доставувате и сте согласни да ги обработуваме.
• Услугата, производот или записите од серверот, кои содржат технички информации за Вашето користење на услугата, производот, како што е Вашата IP адреса, домен, типот на мобилниот уред кој го поседувате, како и технички информации за конекцијата што ја користите, како што се оперативен систем, испорачувач на интернет-услугата или поставувања на апликацијата, грешките и активноста на хардверот.
• Информации за физичката локација на Вашиот уред.
Како Операторот ги користи собраните податоци
Операторот може да ги користи информациите кои ги собира заради повеќе причини, и тоа:
1. Да Ви ја обезбеди бараната услуга или производ, при што Ве идентификува;
2. Да обезбеди грижа за клиентите;
3. Да Ве праша за мислење во врска со производите и услугите на Операторот и за спроведување анкети во врска со производите;
4. Да ги олесни и проследи Вашите пребарувања и барања за информации кога ни се јавувате во врска со Операторот и со нејзините производи и услуги;
5. Да реализира наградни игри, натпревари и други промотивни понуди;
6. Помош при рекламација или проблем при користењето на производите и услугите;
7. Операторот има право да ги проверува подесувањата на мобилниот уред кои Корисникот ги прифатил во моментот на преземањето на апликацијата, при најавувањето или при користењето на апликацијата за мобилно плаќање Green Pay.
Дополнително собраните податоци се користат за:
1. Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашите производи и услуги;
2. Да се подобрат постоечките и да се создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;
3. За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.
Споделување информации
Операторот не ги открива Вашите лични податоци на трети страни без Ваша согласност. Личните податоци може да се откријат само во согласност со закон.
Рекламни комуникации
При склучување деловен однос со Операторот за користење на производите и услугите, Ви се нуди можност да изберете дали сакате да добивате разни известувања и други комуникации преку пошта, e-mail пораки, телефон и/или текстуални пораки (SMS) од Операторот. Овие комуникации може да содржат, на пример, податоци за најновите производи и услуги од Операторот. Добивањето рекламен материјал и известувања од Операторот може да ги откажете во секое време, со поднесување на писмена Изјава на шалтерите на Операторот.
Ве молиме, имајте предвид дека повремено може да Ви испраќаме важни информации во врска со производите и услугите на Операторот кои ги користите или сте ги користеле. Овие известувања не спаѓаат во рекламни комуникации.
Што правиме ние за да ги заштитиме Вашите информации:
Операторот ги презема сите пропишани технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, за спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.
Што треба да направите за да ги заштитите Вашите информации:
Како општа најдобра практика за користење мобилна апликација, Ви препорачуваме:
– Користете ги вградените опции за заклучување на екранот на мобилниот уред – password, fingerprint, PIN, pattern или сл.;
– Не користете иста лозинка за различни апликации и уреди;
– Обратете внимание на физичката безбедност на мобилните уреди бидејќи, како и секој друг предмет од вредност, мобилните уреди се мета на крадци или едноставно можат да бидат изгубени;
– Дозволувајте употреба на Вашиот мобилен уред само на лица во кои имате доверба;
– Чувајте ги лозинките на безбедно место (никогаш не ги запишувајте или споделувајте со никого) и редовно менувајте ги;
– Инсталирајте апликации само од официјалните извори на апликации;
– Редовно инсталирајте ги најновите верзии на оперативниот систем што ги нуди производителот, како и најновите верзии на инсталираните апликации;
Пристап до Вашите информации и Вашите права
Ако сакате да дознаете кои категории на Ваши лични податоци ги обработува Операторот, за која цел или да побарате запирање или сопирање на обработката, Ве молиме обратете се на шалтерите на Операторот. Доколку сакате да направите измена, дополна, бришење или ажурирање на сите неточни лични податоци, исто така може да се обратите на шалтерите на Операторот. Ако сметате дека при обработката не сме постапиле во согласност со Вашите законски права или применетите закони за приватност, може да се обратите преку шалтерите на Операторот до Офицерите за заштита на личните податоци во Операторот.
Прифаќање на условите
Со користењето на мобилната апликација, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на ТСН Технологија Дооел Скопје. Доколку не се согласувате со истата, Ве молиме не ја користете оваа апликација.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
ТСН Технологија ДООЕЛ Скопје има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Контактирајте нè
Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на ТСН Технологија Дооел Скопје при користењето на мобилната апликација на Операторот, Ве молиме контактирајте нè на следната адреса:
ТСН Технологија Дооел Скопје ул. „Анкарска бр.33“ или на contact@tsn.mk
Сите измени кои ќе настанат во иднина, а се однесуваат на политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на интернет страницата на ТСН Технологија ДООЕЛ Скопје.
Со почит,
ТСН Технологија ДООЕЛ Скопје