Услови за користење на Green Pay мобилна апликација
Со овие услови се утврдуваат правилата и условите за користење на Green Pay мобилната апликација за плаќање
1. Дефиниции:
• Оператор – Друштво за произвоство, трговија и услуги ТСН Технологија Дооел Скопје (седиште: ул.Анкарска бр.33, 1000 Скопје) во натамошниот текст ТСН
• Green Pay мобилна апликација – софтвер што го обезбедува операторот за Корисникот, кој може да се преземе од Google Play Store и може да се користи по инсталацијата и регистрацијата.
• Инсталација и регистрација на мобилната апликација – овозможување на користење на апликацијата од страна на Kорисникот по нејзино преземање, при што Kорисникот ги прифаќа овие услови за користење, а потоа дава адреса за електронска пошта, на која операторот испраќа код за верификација, поставува ПИН за Green Pay со помош на кој Kорисникот се најавува во апликацијата Green Pay.
• Најавување на мобилната апликација Green Pay – влез во мобилната апликација Green Pay од страна на Kорисникот, со внесување на поставениот ПИН во рамки на претходно извршената регистрација.
• Корисник – физичко лице – клиент на кое операторот му издава платежна бесконтактна картичка според условите утврдени во Договорот за издавање и користење платежна бесконтактна картичка, склучена со Kорисникот, односно според условите утврдени во Општите услови за издавање и користење на бесконтактна картичка.
• Трговци – правни лица кои имаат склучено Договор со ТСН за користење на услуги преку Системот за мобилно плаќање со бесготовинско плаќање со бесконтактни картички на ТСН.
• Продажно место – трговец кој има склучено Договор со операторот за продажба на стоки со наплата со картички издадени од операторот.
• Мобилен уред – мобилен телефон (смартфон) или било кој друг уред со параметри наведени во овие услови, на кој Корисникот може да ја регистрира и да ја користи Green Pay апликацијата.
• Активна интернет конекција – безжична интернет врска на мобилниот уред, која може да биде и Wi-Fi конекција.
• Google Play Store – Google Inc. платформа овозможена од Google и наменета за превземање на апликации за мобилни уреди базирани на Android оперативниот систем.
• NFC – “Near Field Communications” технологија која овозможува бесконтактен пренос на податоци помеѓу два уреди на мало растојание.
• QR код – овој код претставува слика кој во себе содржи повеќе информации и претставува заштитен знак што овозможува читање на податоци преку одреден уред и служи за корисниците на IOS платформа
• E-mail адреса – електронска адреса на која се праќаат и од која се примаат пораки по електронски пат.
• ПИН за Green Pay – нумеричка низа одредена од страна на Корисникот која се користи за негова идентификација при секоја најава и плаќање со мобилната апликација Green Pay.
• Бесконтактна картичка – картичка издадена од страна на Операторот, која Корисникот има право да ја користи на начин и под услови утврдени во Договорот за издавање и користење на бесконтактна картичка, односно Општите услови за издавање и користење на картичка.
• Договор за бесконтактна картичка – Договор за издавање и користење на картичка склучен помеѓу Корисникот и Операторот.
• Општи услови за микроплаќање – Општи услови за издавање и користење на бесконтактна картичка кои Корисникот ги добива со подигнувањето на бесконтактната картичка.
• Дигитализирана бесконтактна картичка – дигитализирана верзија на бесконтактна картичка на мобилен уред, која е овозможена од страна на Операторот и која Корисникот има право да ја користи согласно условите за користење на дигитализирани бесконтактни картички преку мобилната апликација Green Pay.
• Услови за користење на дигитализирани бесконтактни картички преку мобилната апликација Green Pay – Општи услови за користење на дигитализирани бесконтактни картички преку мобилната апликација Green Pay со кои се утврдуваат правилата и условите за користење на дигитализирани бесконтактни картички преку апликацијата Green Pay, и кои Корисникот во секое време може да ги зачува или испечати од веб-страницата www.tsn.mk
• Корисничко упатство – Упатство во кое детално е опишан начинот за преземање и користење на мобилната апликација Green Pay, како и начинот на нејзино функционирање.
• Ценовник на надоместоци – Ценовник на надоместоци за услугите кои ги врши Операторот со која се регулирани сите задолжувања за износот на трансакциите, провизиите, членарините и надоместоците кои настануваат со користењето на картичката и нејзината дигитализираната верзија.
2. Green Pay мобилна апликација за плаќање
• Green Pay мобилната апликација е софтверско решение обезбедено од страна на Операторот, кое овозможува користење на смартфон за плаќање со бесконтактна картичка во дигитализирана форма.
• Софтверот што е во ексклузивна сопственост на Операторот е предмет на заштитени авторски права, а Корисникот може да го користи само на начин и под услови утврдени во овие услови. Било какво копирање, пренос , објавување или на друг начин менување на оваа апликација најстрого е забрането.
• Секое прекршување на ови услови, кои може да има повреда на авторските права или право на било кој друг облик на интелектуална сопственост може да доведе до поведување на судски постапки против сторителот.
• Операторот на Корисникот му ја става на располагање најновата верзија на мобилната апликација, обезбедувајќи можност да ја преземе од Google Play Store, доколку корисникот има активна интернет конекција.
• Операторот не е одговорен за обезбедување на услугата за плаќање или за било каква грешка, недостаток или штета што се појавува при нејзиното функционирање, доколку Корисникот ја преземал Green Pay мобилната апликација од друг извор.
• Мобилната апликација може да се преземе и да се користи на мобилен уред со параметрите наведени во Корисничкото упатство за користење на мобилната апликација Green Pay, под услови наведени во овој документ.
3. Услови за користење на мобилната апликација
• За да може да се користи мобилната апликација Green Pay, потребно е да бидат исполнети следните услови:
– да поседува активна картичка издадена од Операторот;
– да поседува мобилен уред кој работи на Android платформа, со NFC технологија;
– да ја преземе последната верзија на Green Pay мобилната апликација;
– да обезбеди активна интернет конекција;
– да ја активира NFC опцијата на својот мобилен уред;
– да ја регистрира својата e-mail адреса на која Операторот ќе му испрати код за верификација и да постави ПИН за Green Pay. Без да се исполнат погоре споменатите услови, мобилната апликација нема да може да се користи.
• За користењето на одредени функции на Green Pay апликацијата потребна е активна интернет конекција.
• Корисникот е одговорен за обезбедување на активна интернет конекција на свој трошок. Операторот не сноси одговорност за евентуални прекини или намалување на брзината на интернет конекцијата, или за нефункционирањето на мобилната апликација доколку мобилниот уред нема интернет конекција во одреден момент. Функциите за кои е потребна активна интернет конекција се наведени во Корисничкото упатство за користење на мобилната апликација Green Pay.
• Green Pay апликацијата може да се користи доколку Корисникот успешно се регистрира и се најави на неа по нејзиното преземање.
• По успешна најава на мобилната апликација Green Pay, Корисникот може да иницира дигитализација на Green Pay Card на начин и под услови утврдени во условите за користење на дигитализирани бесконтактни картички преку мобилната апликација Green Pay.
• Операторот има право еднострано да врши промени на функциите за плаќање на Green Pay, вклучувајќи го и отстранувањето на одредени функции и воведувањето на нови функции. За секоја промена Операторот ги информира корисниците со објаснување на промените за секоја нова верзија на апликацијата објавена на Google Play Store.
• Корисникот ја користи мобилната апликација Green Pay на сопствен ризик и одговорност.
• При користење на мобилната апликација Green Pay, прифаќањето на подесувањата или друга модификација за која е потребна активна интернет конекција се обврска, ризик и одговорност на Корисникот, и истите се сметаат за прифатени од Операторот само кога тие ќе станат видливи во мобилната апликација Green Pay.
• Операторот има право на еднострано менување на условите за користење на мобилната апликација Green Pay, во согласност со новите или изменети законски одредби.
• Операторот има право да ја измени, привремено суспендира или да ја прекине апликацијата Green Pay без претходна најава.Операторот го известува Корисникот за настанатата модификација, суспензија или прекинување со порака испратена на e-mail адресата. Операторот не е обврзан да го извести Корисникот доколку суспензијата или престанокот е резултат на виша сила, преземените мерки од страна на надлежните органи или обврска пропишана со закон.
• Операторот го задржува правото да го ограничи работењето на мобилната апликација Green Pay без посебно известување, во случај кога: (а) оперативниот систем на мобилниот уред е изменет (jailbreak, unlock, root и слични модификации) од страна на производителот или Корисникот на таков начин што пристапот од страна на Корисникот на оперативниот систем или неговите подсистеми не е ограничен; или (б) промената на оперативниот систем може да има други безбедносни ризици и ризици за безбедноста на податоците.
• Корисникот е одговорен за соодветна и наменета употреба на мобилниот уред. Корисникот е одговорен за правилно одржување, заштита и управување со мобилниот уред, неговиот оперативен систем и апликациите инсталирани на мобилниот уред (и во поглед на софтвер и хардвер).
• Операторот не одговара за било каков дефект на мобилниот уред, вклучувајќи го и оној предизвикан од вирус.
• Додека ја обезбедува услугата за плаќање преку Green Pay мобилната апликација, Операторот не е обврзан да го идентификува мобилниот уред или Корисникот на мобилниот уред, туку само го следи внесувањето на точниот ПИН за Green Pay.
• Во случај на настаната штета при користењето на услугата за плаќање преку Green Pay мобилната апликација, Операторот е одговорен само доколку истата настанала по вина на Операторот. Следствено на тоа, Операторот не одговара за било каква штета што произлегува од губење на податоци, неовластен пристап до податоци, модификација на податоци, грешка во конфигурацијата или забрана за влез поради неточен ПИН, што е надвор од контрола на Операторот и не е по нејзина вина.
• Корисникот е должен да ја пријави секоја грешка или дефект на Green Pay мобилната апликација веднаш до Операторот или на e-mail support@tsn.mk.
4. Користење на ПИН за Green Pay
• Мобилната апликација може да се користи само со внесување на ПИН-от за Green Pay, поставен од страна на Корисникот при регистрацијата на апликацијата.
• Корисникот е должен да го користи ПИН-от за Green Pay секој пат кога се најавува на мобилната апликација.
• Корисникот е одговорен за правилното внесување на ПИН-от за Green Pay. Правилата за ракување и заштита на ПИН-от за Green Pay.
• Доколку Корисникот при најавата три пати последователно внесе погрешен ПИН за Green Pay, апликацијата ќе биде оневозможена за користење во следните 24 часа.
• Доколку Корисникот при плаќањето три пати последователно внесе погрешен ПИН за Green Pay, дигитализиранaта картичка ќе бидат блокирана. За повторно користење на истите одново се применува процесот на дигитализација.
• Корисникот има право сам да го дефинира новиот ПИН за Green Pay .
5. Промена на мобилен уред и пренос на трето лице
• Корисникот има право да го промени мобилниот уред во секое време, и должен е да ги деактивира сите дигитализирани бесконтактни картички од апликацијата и да ја ресетира мобилната апликација Green Pay на мобилниот уред што го користел до тогаш. Потоа може да иницира дигитализација на бесконтактните картички на новиот мобилен уред. Неуспешното ресетирање на мобилната апликација или несоодветното ракување со истата е на ризик и одговорност на самиот корисник.
• Доколку мобилниот уред го пренесува на користење на трето лице, Корисникот е должен да ги избрише сите дигитализирани бесконтактни картички од мобилната апликација Green Pay и да ја деактивира апликацијата. Неможноста да се стори тоа е на ризик и одговорност на самиот корисник.
• Промена на мобилниот уред или користење од страна на трето лице поради било која причина (вклучувајќи го и оставањето на мобилниот уред без надзор дури и за кратко време) е на ризик и одговорност на Корисникот.
6. Надоместоци
• Сите надоместоци кои се однесуваат на бесконтактната картичка која се користи како дигитализирана се одредени со Ценовникот на надоместоци за услугите кои ги врши Операторот. Истите се променливи согласно деловната политика на Операторот и се достапни на web страната и на шалтерите на Операторот.
• Операторот има право на еднострано менување на Ценовникот на надоместоци во секое време, за што го известува Корисникот преку порака испратена на e-mail адресата или на извештајот од картичката.
7. Известување на корисникот
• Со внесувањето на e-mail адресата при регистрацијата, Корисникот и одобрува на Операторот да ги користи тие податоци при испраќање на известувања во врска со Green Pay мобилната апликација.
• Обврска на Корисникот е да ја задржи e-mail адресата доставена до Операторот за време на регистрирањето на Green Pay апликацијата, редовно да ја проверува нејзината содржина и да биде сигурен дека пораките испратени од страна на Операторот не влегуваат во спам-папката.
• За промените на сметката, како и за сите други промени поврзани со работењето со картичката која е дигитализирана, Операторот го известува Корисникот преку месечен извештај, кој Корисникот го добива во електронска форма на e-mail.
8. Губење и кражба на мобилен уред
• Корисникот ги сноси сите законски последици и одговорност за евентуално неовластено користење на картичката или мобилниот уред на кои е инсталирана мобилната апликација Green Pay .
• Корисникот е должен да се придржува на мерките за сигурност при користење на картичката, како и политиката за приватност при користење на мобилниот уред.
• Корисникот е обврзан веднаш да го пријави губењето, односно кражбата на картичката или мобилниот уред во Операторот на телефонскиот број+389 (02) 305 5152, во Централата на Операторот,
• Операторот има право да изврши блокада на дигитализираната картичка доколку:
– Корисникот постапува спротивно на овие правила и процедури;
– Доколку постои сомнеж за неовластено користење на картичка или мобилната апликација Green Pay ;
– Корисникот пријавил кражба, губење или злоупотреба на картичката или мобилниот уред на кој е инсталирана мобилната апликација Green Pay ;
– Корисникот самостојно поднел барање да се блокира картичката.
• Во случај на губење или кражба на картичката или мобилниот уред, Корисникот сноси финансиска одговорност за трошоците направени со картичката во период од 5 часа по иницијалната пријава за губењето или кражбата на картичката или мобилниот уред.
• Доколку Корисникот не ја почитува обврската за тајност или не се придржува кон мерките за сигурност при користење на картичката и мобилниот уред, одговорен е за секоја нивна злоупотреба.
9. Откажување на мобилната апликација Green Pay
• Можноста за користење на Green Pay апликацијата за плаќање престанува доколку Корисникот ја оневозможи дигитализираната картичка и ја деактивира мобилната апликација Green Pay, или доколку од било која причина е спречен да ја користи дигитализираната безконтактна картичка.
• Корисникот има право во секое време да ја избрише мобилната апликација Green Pay од мобилниот уред. Пред да се избрише мобилната апликација, истата мора претходно да се ресетира, што е обврска и одговорност на самиот Корисник.
• За да може да се изврши ресетирање на апликацијата Green Pay неопходна е активна интернет конекција и Корисникот е должен за нејзино обезбедување.
10. Користење и заштита на личните податоци
Со внесувањето на e-mail адресата за регистрација, Корисникот одобрува Операторот да го користи тој податок за активирање на услугата за плаќање преку GreenPay мобилната апликација.Правилата за заштита на податоците се регулирани со одредбите од Договорот за издавање и користење на бесконтактна картичка и Општите услови за издавање и користење на бесконтактна картичка, како и Политиката за приватност. Операторот има право да ги проверува подесувањата на мобилниот уред кои Корисникот ги прифатил во моментот на преземањето на апликацијата, при најавувањето или при користењето на апликацијата за мобилно плаќање Green Pay
• Имплементирани се сите заштитни механизми кои се применуваат во ваков тип на ЕФТ (електронски финансиски трансакциски) системи со што максимално се избегнуваат штетните настани и ризиците. Трансакцијата е заштитена и криптирана со енкрипциски клучеви и е речиси невозможно да биде пробиена. Идентификацијата на корисниците на системот за микроплаќање е со PIN (Personal Identification Number) кој по успешната најава овозможува да се изврши плаќање во рок од 120 секунди. По изминатите 120 секунди и за секое следно плаќање мобилната апликација ќе Ви побара, повторно, да го внесете Вашиот PIN.
11. Рекламации
• Операторот не презема никаква одговорност доколку Корисникот не може да ја инсталира апликацијата или да направи успешна регистрација на истата, и покрај следење на инструкциите од Корисничкото упатство за користење на мобилната апликација Green Pay, односно исполнување на потребните предуслови за користење на апликацијата.
• Рекламации за трансакции направени со дигитализираната картичка се разрешуваат на начин ист како оној за трансакции со соответната безконтактна картичка.
12.. Останати одредби
• Корисничкото упатство за користење на мобилната апликација Green Pay, Тарифата на надоместоци и Условите за користење на дигитализирани бесконтактни картички и услуги поврзани со нив претставуваат составни делови на овие услови за користење, доколку Корисникот ги прифати сите одредби како обврзувачки за него.
• Со притискање на копчето “Прифаќам”, Корисникот ги прифаќа овие услови за користење, ги прифаќа нивните одредби како обврзувачки и се согласува да ги изврши. Овие услови се достапни на веб-страницата на Операторот.
• За сите случаи кои не се регулирани со овој документ за начин на користење на апликацијата, ќе се применуваат Општите услови за бесконтактна картичка
• Овие услови за користење влегуваат во сила од моментот на нивното прифаќање.
Услови за користење на GPC бесконтактна картичка
Со овие услови се утврдуваат дефинициите и условите за користење на Green Pay картичка.
1. Дефиниции:
- Оператор – Друштво за производство, трговија и услуги ТСН Технологија Дооел Скопје (седиште: ул.Анкарска бр.33, 1000 Скопје).
- Green Pay картичка – картичка издадена од страна на Операторот, која Корисникот има право да ја користи на начин и под услови утврдени во Договорот за издавање и користење на Green Pay картичка, односно Општите услови за микроплаќање
- Договор за Green Pay картичка – Договор за издавање и користење на картичка склучен помеѓу Корисникот и Операторот.
- Општи услови за микроплаќање – Општи услови за микроплаќање кои Корисникот ги добива со подигнувањето на картичката.
- Корисник – физичко лице – клиент на кое операторот му издава Green Pay картичка според условите утврдени во Договорот за издавање и користење Green Pay картичка, склучена со Kорисникот, односно според условите утврдени во Општите услови за издавање и користење на Green Pay картичка.
- Корисничко упатство – Упатство во кое на кратко е опишан начинот за користење на Green Pay картичка
- Трговци – правни и физички лица регистрирани за извршување на дејност, кои имаат склучено Договор за користење ПОС терминал при плаќање со Green Pay картичка.
- Продажно место – физичка локација на трговец кој има склучено Договор со операторот за продажба на стоки со наплата со Green Pay картички издадени од операторот.
- Терминали/уреди за наплата на услуги – ПОС терминали или други мобилни уреди преку кои се врши се врши наплата за услугите.
- Дигитализирана Green Pay картичка – дигитализирана верзија на Green Pay картичка на мобилен уред, која е овозможена од страна на Операторот и која Корисникот има право да ја користи согласно условите за користење на дигитализирани Green Pay картички преку мобилната апликација Green Pay.
- Ценовник – Ценовник на надоместоци за услугите кои ги врши Операторот со која се регулирани сите задолжувања за износот на трансакциите, провизиите, членарините и надоместоците кои настануваат со користењето на Green Pay картичката и нејзината дигитализираната верзија.
2. Green Pay безконтактна картичка
Green Pay картичка е картичка која што може да се користи на терминалите поставени на продажните места т.е. Трговците со кои операторот има склучено билатерален договор за меѓусебна соработка. Имателите на Green Pay картичката покрај физичката пластична картичка и преку дигитализираната картичка може да се вршат плаќања на терминали кои ја поседуваат технологијата за бесконтактни плаќања. Трансакциите се извршуваат по принципот “tap&go” со едноставно приближување на картичката до терминалот.
3. Користење на Green Pay картичка
Green Pay картичка овозможува на корисниците да вршат трансакции на сите продажни места каде што се поставени терминалите на Операторот. Продажните места кои ја прифаќаат оваа картичка се јасно означени и логото кое е поставено на видливо место. Со користење Green Pay картичка може да се платат добра или услуги до максимален еднократен износ од 1.000,00 МКД, а максималниот износ на трансакции кои може да се реализираат во текот на еден месец изнесува 6.000,00 МКД.
Листата на продажни места каде што се користи Операторот е објавена на веб страната www.tsn.mk .
При склучување на договор за Green Pay картичка корисникот одбира пакет на користење согласно Ценовникот на Операторот и за користење на истиот се задолжува со плаќање на одреден надомест согласно утврдениот Ценовник, кој е достапен и на веб страната www.tsn.mk.
4. Заштита на лични податоци
Операторот води сметка и се грижи за заштитата на личните податоци на своите корисници да биде на највисоко ниво и за истата се користи најсовремена опрема. Сите вработени се обучени и најпрофесионално постапуваат кога станува збор за заштита на личните податоци.
Секој корисник со Green Pay картичка добива и кратко упатство за користење на истата.За користење на оваа картичка важат законските прописи како и интерните акти донесени од страна на Операторот.