ТСН Технологија е новоформирана компанија во текот на 2019 год., a основната цел за основање е започнување со работа како оператор односно посредник за микроплаќања. Посредникот при микроплаќање, односно ТСН Технологија е оператор на информациско-технолошки системи преку кој се вршат микроплаќањата и кој ги исполнува условите пропишани со законот за платен промет.
Во деловната пракса ќе означува дека компанијата ќе има можност врз база на информатички технологии, know-how и најдобрата деловна пракса применета во повеќе различни земји како и користење на придобивките од картичното работење, ќе понуди на пазарот на платежни услуги сосема различна и досега неприменета услуга за крајни корисици за вршење микроплаќања.
Мисиjа
Наша визија е ТСН да се етаблира како единствен оператор или посредник за микроплаќања, процесинг центар за обработка на трансакции со картички, уникатна финтек компанија која ќе ги помести границите на конвенционалните платежни услуги во нашата држава.
Наша мисија е преку добро димензионирана маркетинг стратегија да стекнеме што повеќе лојални активни корисници и да бидеме алтернативен канал за вршење на секојдневни безготовиснки плаќања на територија на град Скопје.