Зошто да станете дел од зелената мрежа?

За корисниците на GPC да ве препознаат како локали кои се грижат за животната средина и даваат можност на луѓето кои рециклираат да користат попуст во нивниот локал и да вршат плаќања за производите или услугите кои самите трговци ги нудат.

За да бидеме сите еко свесни и да се погрижиме за околината во која живееме.

Бидејќи Green Pay Card е проект со основна цел – подигање на еколошката свест, преку стимулирање на  граѓаните на општина Центар да рециклираат, да бидат еколошко одговорни, да се грижат за средината во која живеат.
Како таков е одлична можност и Вие да се приклучите кон зелената мрежа, да бидете препознаен како локал со развиена свест за можеби најголемиот проблем на денешницата – загадувањето.

Како да станете дел од зелената мрежа?

За да станете член од Зелената мрежата на трговци кои овозможуваат користење на ГПЦ картичката, мора да имате продажно место во општина Центар и да се пополни и потпише барање и Договор за трговец како и да потпишете Акт за примопредавање на ПОС терминал.

За да станете дел од зелената мрежа, потребни Ви се следниве документи:

  • Барање за трговец

  • Тековна состојба не постара од 3 месеци

  • Копија од лична карта од управител и сопственик.

Испрати пополнето барање

ПОС терминал

Нашите ПОС Терминали се лесни и едноставни за ракување. Секој Трговец ќе биде обучен за користење на истиот. Во случај на било каков проблем, Ви стоиме на располагање за консултации и совети. За подетални инструкции можете да го превземете Упатството за користење на ПОС Терминал.

Упатство за користење ПОС терминал